Среќни новогодишни празници со технички исправно возило

новогодишни празници со технички исправно возило

Среќни новогодишни празници со технички исправно возило

Да се има технички исправно возило значи да се патува безбедно и безгрижно. Согласно правилникот за вршење на технички преглед на моторни возила, овластените станици поседуваат комплетна опрема за проверки.

Меѓу другото, професионалните станици за технички преглед секогаш нудат промоции или сезонски кампањи со кои му докажуваат на клиентите дека се грижат за нив. За оваа цел, СВ нуди зимска кампања, картичка за попуст и слично.

Погуст сообраќај и зголемена фреквенција на патиштата за време на празниците

Обично за време на празниците луѓето се враќаат дома или патуваат на некоја друга дестинација и тоа го прави сообраќајот погуст. Со прегледот, се утврдува дали вашето возило е во исправна состојба заедно со неговите системи, составни делови и опрема.

Со тоа, се припрема возилото за безбедно приклучување во сообраќајот. Понатаму, се утврдува дали е во согласност со одредбите на законот за возила и прописите како и барањата за технички исправно возило. Во спротивно, униформираниот полициски службеник е должен да го исклучи возилото од сообраќајот.

Направете техничка проверка на вашето возило

Техничката проверка постои во два типа: редовна и вонредна. Редовните проверки се одредуваат со закон и се вршат на 12 месеци или 6 месеци, и тоа најрано 30 дена пред рокот на истекување. Вонредната проверка се врши со писмен налог даден од страна на овластено службено лице.

технички исправно возило

Техничкиот преглед се врши кај овластено лице кое детално го прегледува вашиот автомобил. Покрај тоа, за извршување на технички преглед, располагаме со современи дијагностички апарати кои ја утврдуваат состојбата на вашиот автомобил.

Возете одговорно и внимателно

На годишно ниво, околу 1,25 милиони луѓе ги губат нивните животи, а од 20 до 50 милиони завршуваат со тешки повреди. Оваа анализа е изведена од статистиката за несреќи предизвикани поради невнимателно возење, возење под дејство на алкохол или пак поради техничка неисправност на возилото.

Според ова, безбедноста на патиштата претставува вистински предизвик и затоа, потребно е да ги почитувате дадените сообраќајни прописи и правила. Секое непочитување на прописите значи непочитување на човечкиот живот. Одговорноста и технички исправно возило пред се.

Пред да тргнете на подолг пат покрај проверка на возилото,  добро одморете се!

Кога луѓето патуваат минимум 2 часа, чувствуваат замор или поспаност во текот на возењето. Голем број од нив велат дека тоа им се случува најчесто во утринските или доцните часови, или пак тогаш кога не се доволно одморени.

новогодишни празници со технички исправно возило патување

Според ова, за да патувате безбедно, потребно е пред да тргнете на подолг пат да бидете одморени, да правите пауза, и да се хидрирате за да го победите заморот. Исто така, добро би било доколку ги избегнувате следниве грешки во држење на телото за да избегнете болки во половината или грчеви што би го забавиле патувањето.

Подгответе ги сите потребни документи

Ако посетите квалитетна станица за преглед на возилото, ќе добиете детални информации околу документите потребни за технички преглед на моторни возила. За да ви помогне, СВ има изложено информации околу документите на страницата, а исто така, има и контакт за да дознаете се што ве интересира за технички исправно возило.

Уживајте во празничните моменти со вашите најблиски

Доколку го почитувате советот на професионалните и овластени сервисери за технички преглед, ќе успеете да го подготвите автомобилот за зимата.

новогодишни празници со технички исправно возило божиќ

Со тоа, ќе добиете технички исправно возило и ќе патувате сигурно со што ќе го направите вашето патување забавно и ќе можете да уживате со вашите најблиски.

Заклучок

Многумина не вршат технички преглед поради финансиски трошок или невнимание, но доколку се обратите кај вистинската станица, ќе ви објаснат во детали за периодот на проверка и за нивните понуди и промоции.

И не заборавајте, одговорноста и технички исправно возило нека ви бидат во листата на приоритети во наредната година.