5 совети за безбедно и сигурно патување!

безбедно и сигурно патување

5 совети за безбедно и сигурно патување!

Сообраќајот постојано расте, а патиштата се градат, и тоа ги прави непредвидливи, дури и ако патувате повеќепати на едно место. 

За време на секое патување, луѓето со нетрпение чекаат да стигнат до саканата дестинација. Но, во сообраќајот, треба да му се даде време на времето. Треба да бидете внимателни и да се придржувате до одредени правила.

Додека вашата цел е крајната дестинација, нашата е да ве подготвиме за сигурно патување!

1. Патувајте по претходно утврдена рута

Пред да тргнете на пат, добро е да се организирате за сигурно патување. Најчесто, интензитетот на патиштата  зависи од времето на поаѓање.  СВ ви препорачува да тргнете на пат тогаш кога се чувствувате одморени и спремни за возење.

Преку ден патиштата се најфреквентни, а се најрелаксирани во вечерните часови. Доколку преферирате ноќно возење, практикувајте помала брзина зошто тогаш видливоста е помала.

Долгите светла ја попречуваат видливоста за 150 метри, додека пак кратките за 75 метри, што ви дава малку време да реагирате ако се движите со голема брзина или забележите пречка на патот.

Исто така, не заборавајте навигациски систем. Благодарение на технологијата, можете да се потпрете на ваквите уреди и да стигнете на време. Ако не сте љубители на модерната технологија, тогаш може да понесете хартиена мапа.

2. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

Секој учесник во сообраќајот е одговорен за неговото движење во сообраќајот. Според истражувањата годинава, едни од најчестите причини за сообраќајни незгоди се зголемена брзина и непрописно движење.

Анализата покажува дека бројот на сообраќајни незгоди е зголемен во однос на минатата, со следниве резултати:

  • брзо возење, 17%
  • непочитување на правила, 14%
  • непрописно движење, 10% 
  • управување под дејство на алкохол, 9%

Согласно правилникот за сообраќајни знаци и прописи и според тежината на прекршокот, се преземаат заштитни мерки или парична казна, а во најлош случај, може да влијае на вашето здравје.

Затоа, додека управувате со возилото, не користете мобилен телефон, не ги занемарувајте знаците и внимавајте на останатите учесници во сообраќајот.

За да бидете одговорен возач, и да овозможите попријатно и сигурно патување за вас и за останатите, доволно е да ги почитувате правилата.

3. Правете почести паузи

За време на патувањето, се случува возачите да почувствуваат замор. Иако не е најголем причинител, сепак има значајна важност во сообраќајните незгоди.

Фактор за замор може да биде ненаспаноста, долгиот или непознат пат, возење во утринските часови во период од 2:00 до 6:00 часот итн. Според европската статистика за зголемена безбедност во сообраќајот, возачот треба да се одмора на секои 2 до 4 часа возење.

совети за безбедно и сигурно патување

Затоа, ви препорачуваме да не го игнорирате заморот, одморите се тогаш кога ви е потребно, избегнувајте секакви лекарства што може да предизвикаат приспивност и правете почести паузи.

4. Бидете секогаш подготвени за итни случаи

Секогаш кога патувате повеќе од 2 часа, обезбедете го возилото за летен одмор и за сигурно патување. Задолжително проверете го следново:

  • Резервна гума и алат
  • Течности во возилото
  • Акумулаторот и бришачите
  • Светлосна сигнализација
  • Резервен клуч од автомобилот
  • Филтерот за воздух и клима уредот

Покрај горенаведеното, не заборавајте да ги проверите потребните документи вклучувајќи ги вашата возачка, зелениот картон, сообраќајната дозвола и вашата осигурителна полиса.

5. Задолжително направете превентивен технички преглед на вашето возило

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  сообраќаецот може да го прекине возењето на возилото доколку е технички неисправно или нерегистрирано.  Овие закони ги спроведува владата, со цел да ви овозможи сигурно патување.

За да избегнете итен случај, најдобро е да извршите превентивен технички преглед на вашето возило.  Професионална проверка на моторно возило е потребна во случај да не можете да ја извршите сами затоа што за некои делови од автомобилот е потребна професионална помош.

Сертифицираните контролори ќе го проверат вашето возило и ќе ве подготват за сигурно патување. Тоа можеме да ви го потврдиме затоа што со години се грижиме за нашите клиенти и се трудиме да им понудиме најквалитетни услуги.

Заклучок

Според горенаведеното, патувањето си носи свои предизвици. Затоа, пред секое патување организирајте се, направете план за потребните работи, и информирајте се околу рутата колку што е можно повеќе. Ви посакуваме безбедно и сигурно патување!