5 совети како да го подготвите автомобилот за зима?

подготвите автомобилот за зима

5 совети како да го подготвите автомобилот за зима?

Секоја претстојна зимска сезона се превземаат посебни мерки – да се обезбедат патиштата од страна на државата и да се обезбедат автомобилите од страна на возачите. Тоа се прави со цел да се подобрат условите и проодноста во сообраќајот за да не се прекинува или отежнува истиот.

Постојат правилници според кои е задолжително да го подготвите автомобилот за зима за да се зголеми безбедноста. Според ова, треба да поседувата задолжителна опрема и да ја извршите редовната проверка на автомобилот кај сертифицирана станица за технички преглед.

1. Проверете ја исправноста на пневматиците

Кога температурите се намалуваат, задолжителна е проверка на пневматиците за да се подготви автомобилот за зима. Според Законот за возила гумите се менуваат еднаш годишно, во зависност од потребата.

Во зимските услови се менуваат летните со зимските за да се зголеми безбедноста на патиштата поради лизгавиот пат и одржување на баланс на возилото. Поинаку кажано, пневматиците се безбедносен фактор во сообраќајот и исправноста на возилото. 

2. Темелно исчистете ги предните фарови

За да се исчистат стаклата на предните фарови, не се препорачуваат хемиски растворувачи и останати агресивни средства зошто може да се оштетат пластичните стакла. Доколку сакате да го правите ова сами, користете сапун и топла вода.

автомобилот за зима

Од друга страна, полирање на предните фарови се врши во сертифицирана станица каде се користат професионални средства, машини и полир падови. Со ова, фаровите ја враќаат јасноста и видливоста на возачите на автомобилот за зима.

3. Проверете го акумулаторот

Акумулаторите се познати по тоа што имаат одреден рок на употреба и траат неколку години. Во студеното време испразнетиот акумулатор може да биде причина за дефект на возилото – колку е постудено, толку е послаб акумулаторот. На пример, постарите акумулатори може да откажат уште од првото утро ако температурата е под нулата.

Зошто е потребна посета на станица? Затоа што покрај современа технологија и иновативни решенија за автоделови, поседуваат и уреди со кои се вршат тестови за проверка на состојбата на акумулаторот. Овластените сервиси го испитуваат напонот, струјата и електриката. Понатаму, со тоа се утврдува дали стариот акумулатор треба да биде заменет со нов.

4. Проверете го нивото на течноста за ладење

Течноста за ладење треба да се проверува, но треба да внимавате дали моторот е доволно изладен за да не се изгорите. Покрај тоа, течноста за ладење може да се дополни со дестилирана вода, но никако не треба да се додава повеќе од 3 децилитри. Во спротивно, повеќе течност од дозволеното, може да предизвика истекување.

Со тоа, може да настане проблем во системот за ладење. За да го избегнете ова, најдобро е да се консултирате со експерти кои ќе се погрижат за вашиот автомобил. Исто така, за да го спремите автомобилот за зима, треба да го дополнувате со антифриз. Најчесто се користи истата течност, која е предвидена од страна на производителот.

5. Извршете превентивен технички преглед за поголема безбедност

Секоја претстојна сезона треба да се извршува технички преглед за да се зголеми вашата и безбедноста на возилото. На ваквите прегледи, станиците ја проверуваат или ја зголемуваат исправноста на возилото. Со тоа се избегнува или барем се намалува можноста за сообраќајна незгода.

совети подготвите автомобилот за зима

Другата добра страна на проверка и подготовка на автомобилот за зима се промоциите. Обично, постојат станици кои нудат сезонски попусти или кампањи. Така на пример, една од промоциите и понудите на СВ е зимската кампања со која добивате гратис ланци за снег.

Заклучок

Зимските услови го отежнуваат сообраќајот, и според тоа, автомобилот треба да се обезбеди со зимска опрема.

Покрај тоа, навремените проверки ќе ви овозможат стабилен автомобил во зима и ќе го намалат ризикот од сообраќајни незгоди. За крај, секогаш консултирајте се со професионалци кои имаат одлично познавање за автомобилите и нивната употреба.