Топ 7 најчести грешки што секој возач треба да ги избегне

најчести грешки што секој возач треба да ги избегне

Топ 7 најчести грешки што секој возач треба да ги избегне

Кога се стекнувате со право за управување на возило, тогаш треба да бидете свесни дека вашето целосно внимание е потребно на патот.

Иако само почетниците се сметаат како возачи кои прават грешки, секому може да му се случи. Постојат грешки, за кои не секогаш сме свесни дека ги правиме. Имено, меѓу најчестите се следниве: 

1. Неправилно држење на воланот

Седиштето не треба да биде поставено високо и да биде блиску до воланот, ниту пак да биде спуштено и далеку од воланот. Доколку еден возач стои многу блиску или далеку до воланот, се попречува видливоста надвор од возилото, од левата и десната страна. Затоа постои правилник според кој автошколите го оспособуваат кандидатот за иден возач.

Држењето на воланот со една рака е неправилно и оневозможува брза реакција. Со тоа, се намалува и видливоста на страничниот и внатрешниот ретровизор. Исто така, може да влијае на болки во пределот на грбот и половината. Затоа, наместете го седиштето во положба која вам најмногу ви одговара.

2. Возење со низок притисок на гумите

Како експерти во услужување на корисниците на моторни возила, можеме да кажеме дека притисокот на гумите е од голема важност за исправноста на едно возило. Притисокот на гумите треба да биде среден – да не биде низок нити пак премногу висок.

Со нискиот притисок, нагазната површина на гумите може да се одвои од подлогата и да се скине. Истото може да се случи и со високиот воздушен притисок. И двете опции претставуваат опасност во возењето и поголем финансиски трошок. Затоа, гумите треба да бидат рамномерни, за и возилото да се движи рамномерно.

3. Неправилно поставени ретровизори

Секој возач треба да знае навремено и правилно да ги подесува ретровизорите. Навременото и правилното подесување треба секогаш да се направи пред возење. Ретровизорите треба да се прилагодат така што ќе можете да гледате половина од лентата зад себе и колку што е можно повеќе од лентата до вас.

грешки што секој возач треба да ги избегне

Понатаму, потребно е да бидат чисти и со нивно редовно чистење, ќе имате подобра видливост. Најдобро е да ги проверувате секогаш пред да тргнете за побезбедно патување. Не заборавајте да ги наместите така што ќе имате прегледност од сите три ретровизори.

4. Седење премногу далеку зад воланот

Оддалеченоста од воланот се пресметува според прегледноста на трите ретровизори и на предниот дел од автомобилот. Најдобро е да го поставите седиштето според ваша висина со што ќе овозможите подобра видливост и правилна положба на нозете.

Внимавајте и на положбата на телото. Доколку ја поставите раката на средината од горниот дел од воланот, лактот треба да биде поставен во благ агол. Телото треба да биде потпрено и во опуштена положба, а кога притискате на педалите до крај, нозете не треба да бидат целосно испружени.

5. Нерамномерно кочење

Нерамномерното кочење се случува кога еден возач нема навремено да ја процени ситуацијата. Се случува возачите да закочат меко, а да не биде доволно, и откако ќе го сфатат тоа, нагло кочат.

Рамномерното кочење значи проценување на ситуацијата однапред. За да ја процените ситуацијата, важно е да немате никакви дистракции додека управувате со возилото. Според ова, секој возач е должен да ги почитува дадените сообраќајни правила и прописи за да се зголеми безбедноста.

6. Кочење во свиоци

Кочењето во свиоци не треба да биде со голема брзина. Доколку се обидете да завртите со голема брзина може да заминете во спротивната лента. А доколку нагло или остро закочите, може да изгубите контрола на моторот.

Топ грешки што секој возач треба да ги избегне

Имено, според правилата за управување со возилата и Законот за безбедност и сообраќај на патиштата, секој возач треба да внимава на вртењето. На пример, треба да забавите при вртењето, а за да излезете од кривината, зголемете ја брзината.

7. Избирање на неквалитетен технички преглед

Возилото е голем фактор во сообраќајот. Кога еднаш ќе излезете на патот, треба да внимавате на секој ваш потег кој го управува возилото. Секој возач треба да внимава на безбедноста – својата и на останатите. За да се зголеми нивото на безбеден сообраќај, потребни се квалитетни станици за преглед на моторни возила.

Како здружение кое се грижи за сигурноста на учесниците во сообраќајот ве советуваме пред секое тргнување на државен пат – било автопат, експресен или магистрален, во зависност од потребата, возилото треба да помине низ А-тест или технички преглед.

Заклучок

На секој возач може да му се случи да направи грешка, затоа секогаш додека управувате со возилото треба да бидете внимателни.

Ваквите грешки може да ве чинат парична казна, поправка на возилото, или во најлош случај, може да ве чини по вашето здравје.