Превентивен технички преглед на вашето возило за безгрижно патување

Превентивен технички преглед на вашето возило

Превентивен технички преглед на вашето возило за безгрижно патување

Како учесници во сообраќајот, граѓаните не секогаш вршат превентивен технички преглед на возилата што е сосема ризично. Иако постојат совесни возачи, автомобилите се сепак машини чија функција на делови може да престане и тоа кога најмалку очекувате.

Зошто е важно да се провери возилото пред да се тргне на подолго патување

Најчести причинители за сообраќајни незгоди се неодговорното управување со возилата и неисправните возила. Според ова, учесниците во сообраќајот треба да се однесуваат во согласност со прописите и законите во сообраќајот. За да се избегнат несаканите опасности во сообраќајот потребно е да се изврши детална проверка на моторните возила.

Осигурете се дека вашиот автомобил е проверен од професионалци

Пред вашиот превентивен технички преглед треба да бидете сигурни во тоа дека автомобилот е проверен од тим на професионалци. Контролорот треба да биде способен да ги избегне несаканите можни оштетувања на возилото.  Поточно, потребни ви се услуги кои ќе го направат вашето возило соодветно за подолго патување.

Што е фокус на проверка

Кога станува збор за темелна проверка, фокусот се става врз спецификациите на производителот на возилото. Во зависност од моделот на автомобилот, се заменуваат потребните делови на истиот. Од голема важност е да се внимава на деловите кои треба да се проверуват и заменат во одреден временски интервал. Секако, тоа се врши кај специјалисти за превентивен технички преглед.

1. Проверка на акумулаторот

Како најголем дефект на едно возило се смета испразнетиот акумулатор. Во зависност од нивниот квалитет, има акумулатори кои издржуваат од пет до седум години. За професионален превентивен технички преглед, потребно е да посетите специјализирани сервисни работилници секоја година пред зимскиот период.

2. Проверка на сопирачките

Како најчест причинител на несакани незгоди во сообраќајот од страна на едно возило се сопирачките. Проверката е темелна и за да се уверите во безбедноста на вашиот автомобил, превентивен технички преглед е задолжителен. Доколку е потребно, да се  извршат и дополнителни зафати.

3. Проверка на маслото на моторот

После сопирачките, најголема улога во безбедноста и исправноста на едно возило е маслото. Доколку сте нов учесник во сообраќајот, превентивен технички преглед е задолжителен. Во зависност од типот на возилото, се користи соодветна амбалажа која ќе одговара на спецификациите на возилото.

4. Проверка на светлата и фаровите

Светлата ја искажуваат нивната намалена функција со тоа што се намалува и самата светлина на фаровите. Но, за да се уверите во нивниот интензитет, потребен е посебен уред за превентивен технички преглед наречен реглоскоп и индикатор кои ја мерат подесеноста на светлата. Овие уреди, најчесто ги поседуваат работилниците кои се занимаваат со ефективна технички проверка.

5. Проверка на системот за ладење или греење

Иако не се смета за причинител на сообраќајна незгода, системот за греење и ладење, е причинител за здравствени проблеми и треба повремено да се проверува.

Превентивен технички преглед

При секој превентивен технички преглед, сервисерот го чисти филтерот, или доколку е потребно, го заменува со нов.

6. Проверка на бришачите и течноста за бришачи

Според Правилникот за безбедно возење, бришачите ја одредуваат сигурноста при возење. Со редовна промена, имате поголема видливост при возење. Течноста на бришачите може да достигне температура до -30C˚ во зимскиот период. За да се избегне овој ризик, треба да се одржува со редовен превентивен технички преглед.

7. Проверка на течноста за ладење на моторот

Течноста за ладење на моторот и температурата треба да се проверуваат на превентивен технички преглед. Притоа треба да се употребува онаа течност адекватна според производителот на автомобилот. Секоја замена на течноста за ладење треба да се врши на специјализира сервис.

8. Проверка на притисокот на гумите

Согласно Законот за безбедност во сообраќајот, проверката на притисокот на гумите е задолжителна. Од голема важност е да се почитува соодветниот притисок на гумите и истиот да се проверува еднаш месечно. Секако, оваа проверка се врши кај овластен сервис за превентивен технички преглед.

Патувајте безбедно и без грижи сопревентивен технички преглед

Според горенаведеното, и можниот ризик од сообраќајни незгоди, потребна е комплетна проверка на вашиот автомобил. Ваквата проверка не одзема многу време, но е неизбежна и релевантна за безбедно учество во сообраќајот.

Дозволете им на експертите да се погрижат за состојбата на вашиот автомобил. Секогаш имајте во предвид дека навремениот превентивен технички преглед спречува дополнителен трошок на поправки, парична казна или сообраќајна незгода.