За нас

ИСТОРИЈАТ

Кога пред 120 години се појави првиот автомобил, ретко кој можел да претпостави дека токму тој изум ќе значи пресврт во животот на поединецот, на семејството, на државите…

Преку ШЕЕСЕТ ГОДИНИ постоење и исто толку време активно делување во општеството. Не се многу организациите кои ја покажаа својата виталност, кои премостија два система и две столетија и кои со подеднаква одговорност продолжуваат да работат и денес, како и во времето кога се формираа. Тоа е потврда која не исполнува со задоволство, но, пред се, тоа е обврска, и натаму да се извршуваат бројните задачи подеднакво одговорно и квалитетно.

При формирањето, во последните денови од декември 1956 година, целосното име на организацијата е Сојуз на здруженија на возачите и автомеханичарите на Македонија. Во согласност со тогашната правна сопственост, Сојузот претставува општествена организација, што подразбира непрофитно и доброволно здружување на најширока основа. Основните активности од своето формирање, па до денес, главно се насочени кон подобрувањето на безбедноста на сообраќајот.

Сојузот на здруженија на возачи на Македонија денес е здружение на граѓани – возачи и граѓани, настанато со здружување на здруженијата на возачи на градовите во РМ, заради остварување на своите интереси и заради вршење дејности и активности кои се стремат кон збогатување на сообраќајно техничкото образование, сообраќајната култура и безбедноста на сообраќајот.

МИСИЈА

Ние ја комбинираме технологијата и стручноста за да создадеме побезбедна иднина, преку испорака на ефективна и професионална услуга за корисниците на моторните возила и постигнување на општествена доверба и сигурност во квалитетот и интегритетот на услугата.

ВИЗИЈА

Се стремиме да бидеме уникатен и водечки модел на квалитетна услуга за корисниците на моторни возила.

ДВИЖЕЊЕ… БЕЗБЕДНОСТ… ТРАДИЦИЈА…