ЗЗЛП

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ Скопје.

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ посветува особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија.

Оваа Политика на приватност има за цел да го појасни начинот на кој се врши обработката на Вашите лични податоци  при посетата на нашата интернет страница  www.sv.mk

Оваа Политика на приватност се однесува единствено за заштитата на приватноста на личните податоци при посетата на интернет страницата (во понатамошниот тект – страницата) и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини, ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, СЗВ Центар за возила ДООЕЛ е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти при посета на нашата веб-страницата.

Собирање и обработка на Вашите личните податоци  

При посетата на страницата, Друштвото ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата страница, со цел користење на нашите услуги и производи.

При посета на веб сајтот секој корисник пристапува со одредена ИП адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите. СЗВ Центар за возила не собира лични податоци за корисниците/посетителите на веб сајтот (освен ИП адресата), освен доколку испратат електронска порака во која доброволно ќе наведат свои лични податоци (име, презиме, контакт информации).

Во одредени случаи исто така се запишуваат информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер.

„Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат во компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да се користат само за потребите на web услугата и тоа на начин  кој нема да ја загрози Вашата приватност.

Цели за кои се користат собраните лични податоци  

  • Да  ја обезбедиме бараната услуга;
  • Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нов вид продукти за клиентите;
  • Да се  олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со услугите;
  •  Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
  • Да се  разгледа можноста за  евентуални  вработувања  доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку веб-страницата на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ;
  • Помош при појава на  проблем при користењето на услугите,
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна  изречна согласност.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната единица заедно со уште неколку технички податоци во врска со посетата на страницата како што е активноста  на хардверот, грешки и сл.

Дополнително собраните податоци се користат за:

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

Споделување на Вашите лични податоци со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела

Сите вработени во СЗВ Центар за возила ДООЕЛ се обучени да обезбедат целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во со закон утврдени случаи. СЗВ Центар за возила ДООЕЛ не врши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Македонија.

Доверливост и безбедност

Пристапот до Вашите лични податоци во СЗЦ Центар за возила ДООЕЛ е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.

Заштита и сигурност

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.

Сигурносните процедури на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ се предмет на редовни контроли.

Промена на Политиката за приватност

СЗВ Центар за возила го задржува правото да врши измени и дополнувања на оваа Политика за приватност, за кои измени и дополнувања ќе биде поставено извесување на нашиот сајт  www.sv.mk.

Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ, Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.

Вашите права

Како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање упатено на надреса Бул. Борис Трајковски бр.180, Кисела Вода – Скопје или барање преку електронската адреса info@sv.mк:

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и
  • да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка
  • да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Контакт

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните подаотци, можете да не контактирате на следната електронска адреса:  info@sv.mk или да контактитрате со Офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото на: + 389 70 31 65 23.

Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.

Почитувани кленти, Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница!

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КЛИЕНТИТЕ

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

Назив: ДТИАМВ Сојуз на здруженија на возачи Центар за возила ДООЕЛ Скопје

Седиште: Борис Трајковски бр.180 Кисела Вода – Скопје

e-mail: info@sv.mk

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Гоце Михајлоски

Тел.број: 076-316-523

e-mail: info@sv.mk 

Нашата визија за заштита на личните податоци

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ Скопје посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во целокупното свое работење, имплементирајќи ги националните стандарди поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци и гарантира дека ќе ги заштитува Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП), подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и интерните акти. 

Нашата визија за заштита на личните податоци

Вработените и ангажираните лица кои вршат обработка на лични податоци во СЗВ Центар за возила ДООЕЛ имаат обврска да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, и тоа:

Закон, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Личните податоци се собираат и обработуваат исклучиво за целите дефинирани во релевантен закон, договор или согласност.

Ограничување на целта на обработката на личните податоци

Личните податоци кои се обработуваат за горенаведените цели не се предмет на натамошна обработка, за цели различни од првичното дефинираните. Секоја потреба за нивно натамошно обработување ќе биде предмет на анализа и проценка на влијанието на обработката врз приватноста на клиентите на кои тие лични податоци се однесуваат.

Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполни целта на обработката. Обемот на личните податоци кои се потребни за исполнување на целите е дефиниран со законите согласно кои личните податоци се обработуваат, договорите, интерните акти (политиките и процедурите) на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ, како и во рамки на согласноста дадена од страна на клиентите за обработка на нивните лични податоци за цели на директен маркетинг.

Доколку се појави потреба за обработка на дополнителни податоци, СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ќе го информира клиентот на лични податоци и онаму каде што е неопходно ќе ја побара неговата согласност за таа дополнителна обработка.

Точност на личните податоци

Давањето на вистински, точни и целосни податоци, како и благовремено известување за измените на личните податоци е законска и договорна обврска на клиентите и истото претставува неопходен услов за користење на услугите во СЗВ Центар за возила ДООЕЛ. Неточни нецелосни податоци може да има за последица неможност за користење на услугите во СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ планира и спроведува разумни мерки за потврдување на точноста, исправка и/или бришење на неточните или некомплетните лични податоци. Покрај овие мерки, секој клиент има право да побара исправка, измена или бришење на неговите лични податоци на лесен и едноставен начин. СЗВ Центар за возила ДООЕЛ има должност да: направи исправка на личните податоци во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за исправка или од денот кога е констатирана неточност на личните податоци; да ги избрише податоците за кои клиентот барал бришење во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето.

Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

Личните податоци се чуваат согласно роковите дефинирани во релевантен закон, договор или согласност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, личните податоци се бришат од соодветната збирка.

Интегритет и доверливост на личните податоци

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен на лицата на кои им е издадено посебно овластување за обработка на лични податоци.

Отчетност

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ја демонстрира усогласеноста со сите претходно наведени начела согласно новото начело на отчетност. Имено, СЗВ Центар за возила ДООЕЛ обезбедува докази и демонстрира дека се преземени сите потребни мерки за спроведување на начелата во пракса, односно дека има капацитет да ги исполнува законските барања.

Целите за обработка на Вашите лични податоци

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ја почитува Вашата приватност и ги собира, обработува и чува личните податоци законито, транспарентно и правично, а притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ја врши обработката на Вашите лични податоци за следните цели:

  • остварување на права при користење на услугите на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ,
  • вршење на директен маркетинг (промоција на услуги на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ).

Правни основи за обработка на Вашите лични податоци

Правни основи за обработка на Вашите лични податоци се:

  • За остварување на права при користење на услугите на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ – Закон за возила, Закон за безбедност на сообраќајот и патиштата, Закон за превоз во патниот сообраќај и Закон за облигациони односи.
  • За вршење на директен маркетинг – согласност за вршење на директен маркетинг (промоција на услуги на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ).

Во случај кога обработката на Вашите лични податоци се врши заради исполнување на законска или договорна обврска, не е потребна Ваша согласност за обработка на податоците.

Врз основа на Ваша согласност ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг (доставување на рекламни содржини, промоции, понуди на производи и услуги). Вие немате обврска да дадете согласност за вршење на директен маркетинг, а доколку ја дадете согласноста може да ја повлечете во кое било време.

Согласноста за вршење на директен маркетинг, можете да ја дадете користејќи го Формуларот за Изјава за согласност за вршење на директен маркетинг.

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ целосно го почитува начелото на минимален обем на податоци и ги собира само оние податоци кои се потребни, релевантни и ограничени за исполнување на целта заради која се обработуваат.

Право на пристап до Вашите лични податоци

Во зависност од Збирката на лични податоци за која се собираат Вашите лични податоци, пристап до Вашите лични податоци може да имаат:

  • Вработени или ангажирани лица во СЗВ Центар за возила ДООЕЛ кои се овластени да пристапуваат до Вашите лични податоци и само до степен потребен за извршување на работните задачи;
  • Вработени или ангажирани лица кај обработувачи* кои во име на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ вршат обработка на лични податоци, врз основа на Договор за обработка на лични податоци;
  • Секоја јавна институција на која СЗВ Центар за возила е обврзана да и ги достави Вашите лични податоци, како законска или договорна обврска;
  • Во одредени исклучителни ситуации, заради исполнување на законски обврски, пристап до Вашите лични податоци може да имаат и судови и други органи за спроведување на законот, регулаторни тела или правни застапници.

* Во својство на контролор на лични податоци, СЗВ Центар за возила ДООЕЛ дава лични податоци на обработувачи кои ги обработуваат личните податоци во негово име, при што СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ги обврзува обработувачите со Договор за безбедна обработка на лични податоци.

Категории на лични податоци кои се обработуваат

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ги обработува личните податоци кои се определени со закон. Кога правна основа за обработка на Вашите лични податоци е користење услуга или согласност, целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци и ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на целите за кои се обработуваат.

За клиентите ги обработуваме следните категории на лични податоци:

Име и презиме

ЕМБГ

Постојана или привремена адреса на живеење

Податоци за контакт: телефонски број и електронска адреса

Датум на раѓање

Место на раѓање

Број на возачка дозвола

Регистарски број на возилото

Број на шасија

Број на трансакциска сметка

Чување на личните податоци

СЗВ Центар за возила ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на ЗЗЛП.

Воедно, нашите вработени се обврзани да работат во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци, а и давателите на услуги имаат иста обврска, врз основа на договор за обработка на лични податоци. Секое лице кое има пристап до Вашите лични податоци, без разлика дали е овластено вработено лице во СЗВ Центар за возила ДООЕЛ или е вработено лице во друштво ангажирано од страна на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ како обработувач на лични податоци, е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува според упатствата на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.

Само лицата кои се овластени од страна на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на нивните работни задачи или ангажман, а согласно издадените овластувања за вршење на обработка на личните податоци.

Секое овластено лице кое има пристап до Вашите лични податоци потпишува изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка.

Притоа, се применуваат најсовремените технички и организациски мерки согласно прописите за заштита на личните податоци што важат во Република Македонија, за заштита на податоците од неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на сите нивоа на извршување на работите. Личните податоци кои се обработуваат од страна на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ се чуваат на сервери кој се наоѓаат во седиштето на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Ниту СЗВ Центар за возила ДООЕЛ, ниту обработувачите, нема да ги проследат Вашите податоци на користење на трети страни, освен ако за тоа има согласност од Ваша страна или постои законска обврска.

Вашите лични податоци ги чуваме во рокови пропишани со закон и со нашите интерни акти, во временски период колку што е потребно за да се исполнат соодветните цели.

Вашите лични податоци нема да бидат зачувани во форма и/или облик што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани.

  • Личните податоци на клиентите кои се обработуваат со цел користење на услуги во СЗВ Центар за возила ДООЕЛ се чуваат 10 години.
  • Личните податоци на клиентите кои дале согласност за директен маркетинг (известување и промоција на производи и услуги) се чуваат до повлекување на согласноста.

По истекот на роковите за чување, личните податоци се бришат од информацискиот систем на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ и/или од серверите на даватели на услуги, односно се уништува хартиената документација.

Вашите права како субјект на лични податоци 

Под одредени услови утврдени со закон, имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, преносливост на вашите лични податоци, право на приговор, право да не бидете предмет на одлука заснована на автоматска обработка на податоци, право на повлекување на согласноста. Овие Ваши права произлегуваат од ЗЗЛП.

Право на информирање (член 17 и 18 од ЗЗЛП)

Имаме обврска да ве информираме кои податоци ги собираме за Вас, за кои цели ги обработуваме, колку долго ги чуваме и дали ги откриваме на трети страни.

Оваа информација е објавена на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: Во моментот кога ќе отпочнеме со обработка на Вашите лични податоци.

Право на пристап (член 19 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, имаме обврска да Ви дадеме детална информација за податоците што ги обработуваме за Вас.

Формуларот на Барањето за остварување на права на субјектот на личните податоци е објавено на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

Право на исправка (член 20 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе ги исправиме или дополниме Вашите лични податоци или непотполни податоци.

Формуларот на Барањето за остварување на права на субјектот на личните податоци е објавено на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Право на бришење (член 21 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе ги избришеме податоците: ако е исполнета целта заради која биле обработувани; ако сте ја повлекле согласноста за обработка; ако податоците биле незаконски обработувани; ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска за бришење на податоците кога веќе не постои правен основ за обработка.

Формуларот на Барањето за остварување на права на субјектот на личните податоци е објавено на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: 30 дена од денот на поднесување на барањето.

Право на ограничување на обработката (член 22 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе ја ограничиме обработката на личните податоци: ако ја оспорувате точноста на личните податоци, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност; ако сметате дека обработката е незаконите, но се спротиставувате на бришењето или ако податоците ви се потребни за остварување на правни барања.

Формуларот на Барањето за остварување на права на субјектот на личните податоци е објавено на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

Право на преносливост на податоците (член 24 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе Ви ги пренесеме личните податоци во структуиран, вообичаено користен и машински читлив формат. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.

Формуларот на Барањето за остварување на права на субјектот на личните податоци е објавено на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

Право на приговор (член 25 од ЗЗЛП)

Врз основа на Ваш приговор, ќе ја запреме обработката на податоците ако правна основа за нивна обработка е нашиот легитимен интерес или сме вршеле нивна обработка за цели на научни или историски истражувања или статистички цели, под услов ако вашето право на приватност преовладува над нашите интереси и цели.

Формуларот на Барањето за остварување на права на субјектот на личните податоци е објавено на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

Право на повлекување на согласноста (член 11 од ЗЗЛП)

Кога правна основа за обработка на Вашите лични податоци е согласноста, на Ваше барање ќе престанеме да вршиме нивна обработка. Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно.

Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката која се вршела врз основа на согласноста пред отповикувањето.

Формуларот на Барањето за повлекување на согласноста за вршење директен маркетинг е објавено на веб страната на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ.

Рок на постапување: веднаш.

Формуларите кои се објавени на веб страницата на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ се доставуваат на електронска адреса: info@sv.mk или преку пошта на адреса Бул. Борис Трајковски број 180, 1000 Скопје, со назнака “до Офицерот за заштита на лични податоци”.

На истиот начин може да се достави Барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на СЗВ Центар за возила ДООЕЛ, не е во согласност со одредбите на ЗЗЛП или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Македонија.

Барањето можете да го преземете на следниот линк:

https://www.dzlp.mk/sites/default/files/u4/baranje_za_utvrduvanje_na_prekrsuvanje_na_zzlp.doc