Хомологација – eдинечно одобрување на возила што треба да знаете!

Хомологација

Хомологација – eдинечно одобрување на возила што треба да знаете!

Хомологацијата е дел од правилникот за употреба на возила според кој се пропишани барања кои моторните и приклучните возила треба да ги исполнуваат.

Во принцип, опфаќа низа на постапки со кои се утврдува сообразноста на едно моторно возило. Според ваквите закони и правилници, техничките станици нудат услуги за да ги испочитуваат дадените барања.

Што е хомологација?

Имено, хомологација е единечно одобрение на возила со што се утврдува нивната исправност и подготвеност за безбедно учество во сообраќајот. Ваквата постапка се врши на возила што се произведени, увезени или привремено увезени возила.

Хомологација eдинечно одобрување на возила

Секое возило што ќе биде увезено или произведено во Македонија треба да се оцени и да се провери неговата уредност пред да биде пуштено во употреба. Ваквата постапка го вклучува следново:

  • Идентификација на возило
  • Идентификација и оцена на техничка состојба на возила
  • Единечно одобрување на возило

Со идентификацијата и оцена на техничката состојба на возилото се утврдува техничка проверка на системи, составни делови и елементи, како и опрема за возила. Со ваквата оцена се проверува способноста на возилото за приклучок на патиштата.

Покрај горенаведените постапки, хомологацијата може да вклучува и А-тест кој се врши на возила кои еднаш се одобрени за да се зголеми безбедноста на возилата и заштита на околината. А-тестирањето ги вклучува одобрените системи, составните делови и елементи, опрема на возила итн.

Почетоци на хомологацијата

Иако денес се смета како постапка за да ја подигне свеста за безбеден сообраќај, нејзината историја кажува поинвентивен настанок. Имено, хомологацијата датира уште од 1958-та година и настанала со цел да се прифатат техничките прописи за возилата, нивната опрема и делови.

Главната замисла и цел била да се употребат оние делови што се потребни во возилата, да се проверат и одобрат преку процесот на хомологација. Врз основа на таквите барања и прописи, секој возач, ќе може да управува со тоа возило.

Кои документи се потребни?

За едно возило да учествува во сообраќајот, треба да ги помине горенаведените проверки. Доколку се докаже дека тоа е исправно и ги исполнува пропишаните правила и прописи, се издава документ, одобрение и потврда – хомологација со која може да се врши регистрација на возилото.

Хомологација возила

Но, за да стигнете до таму, прво е потребнo приложување на следниве документи:

  • Лична карта (физичко лице)
  • Тековна состојба (правно лице)
  • Документи за возилото од увоз или продажен салон

Која е основната задача на eдинечното одобрување на возила?

Основната задача на единечното одобрување на возила – хомологација, е да се зголеми активната како и пасивната безбедност на моторните возила во сообраќајот. Исто така, за да се обезбеди почитување на еколошките стандарди со кои се штити околината.

Покрај тоа, со хомологацијата се спречува увоз и производство на несообразни возила. За да се заштити домашниот пазар од увоз на неквалитетни резервни делови. За крај, со хомолацијата се врши усогласување на националните прописи со оние на Обединетите нации и Европската Унија во оваа област.

Заклучок

На многу од возачите не им се допаѓаат законите и правилниците за возила затоа што ги чинат пари мислејќи дека се наметнати.

Но, како секоја проверка на возилото што се врши според законите кои мора да се почитуваат, хомологација  е задолжителна и е пропишана со иста цел – регулиран сообраќај. Затоа, навремено проверувајте ги вашите возила и придонесувајте во безбедноста на патиштата.