27 Авг Возилото како фактор за безбедност во сообраќајот
Нивото на претпазливост за време на возењето треба да го достигне максимумот за безбедност во сообраќајот. Но, дали само возачот е фактор за безбедност на патиштата? Имено, според анализите на сообраќајот, технички неисправните возила се причина за сообраќајни незгоди со фатални последици.
Безбедноста во сообраќајот треба да е приоритет број 1 на сите учесници во сообраќајот
Според Член 1 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, постојат правила кои учесниците во сообраќајот се должни да ги почитуваат. Имено, овие правила се донесени за да се зголеми сигнализацијата на патиштата, употребата на соодветна опрема, како и мерките за безбедност во сообраќајот.
Од аспект на психологијата “Возиме онака како што живееме”, и затоа безбедноста во сообраќајот е една од најкомплексните проблеми во општеството. Чувството на одговорност не треба да биде присутно само на патиштата и сообраќајот, туку треба да биде насочено и кон самото возило.
Технички неисправното возило е потенцијална опасност
Честопати, возачите го избегнуваат техничкиот преглед од неколку причини: кратко време, финансиска состојба, неприоритизирање на состојбата на возилото и слично. Согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, една Станица за технички преглед треба да поседува соодветна техничка опрема, а долунаведените се само некои од нив:
- Дигалка со соодветна должина, ширина и носивост
- Уред за мерење на силата на сопирачките
- Динамометар
- Уред за контрола на светлата
- Манометар за мерење на притисокот на воздухот
Зошто е потребно да се посетува станица за технички преглед? Иако сметате дека можете сами да го проверите возилото, во повеќето случаеви е потребна техничка опрема и услугите на професионална станица.
Кратка статистика за незгоди на патиштата на РМ
Многубројноста на сообраќајните незгоди се врзува со два главни фактори: субјективен фактор – однесувањето на возачот и објективен фактор – исправноста на возилото.
Со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, секоја година се врши истражување од страна на Министерството за внатрешни работи. Статистиката покажала дека во однос на изминатите години, 2019 се смета за најцрна.
Имено, според анализата за сообраќајни незгоди на патиштата на РМ, бројката на сообраќајни несреќи пораснала во однос на 2018-та година за 20%, а во однос на 2017-та година, пораснала за 25%.
Со превентивен технички преглед до помал број на сообраќајни незгоди
Многумина сметаат дека најчести причинители за сообраќајни незгоди се самите управувачи на возилото. Но, колку пати сте слушнале некој да ви каже дека му откажале светлата, бришачите, или во најлош случај, сопирачките?
Тоа се случува кога возачите не ги проверуваат нивните автомобили или избегнуваат технички проверки. Иако сметате дека откажувањето на некои делови не ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот, барем еднаш сте избегнале незгода, а можеби сте имале среќа.
Со самата проверка на возилото, ја избегнувате шансата за загрозување на сообраќајот како и потенцијалната опасност од несреќи. Техничкиот преглед на моторно возило спроведува постапки за темелна проверка која вклучува два сертифицирани контролори истовремено.
Заклучок
Со зголемување на бројот на возила во сообраќајот, се зголемува и густината на истиот. За оваа цел, потребно е големо ниво на безбедност во сообраќајот, а за да се оствари тоа, покрај вашето внимателно управување со автомобилот, задолжителна е периодична проверка на возилото.