А-Тест на моторни возила – Безбедноста зависи од сите нас!

А-Тест на моторни возила

А-Тест на моторни возила – Безбедноста зависи од сите нас!

А-тест на моторни возила е постапка за одобрување на веќе преправено возило. Ова се врши на еднаш одобрено возило на кое биле извршени преправки. Тие преправки може да влијаат врз регистрацијата, опремата , како и безбедноста на возилата и животната средина.  

Според тоа, задолжително е да го одведете вашето возило во станица за технички преглед. Но, притоа треба да внимавате на нивните услуги и понуди. Колку поквалитетна е станицата, толку е побезбедно за вас и за вашето возило.

Биди одговорен возач и атестирај го своето возило

Кога еднаш ќе почнете да управувате со возило, треба да бидете свесни за вашата одговорност како учесник во сообраќајот. Со постапката за А-тестирање на моторни возила се проверува дали вградените делови на фабрички преправените возила ги исполнуваат барањата согласно со законската регулатива.

Одговорност од секој учесник во сообраќајот

Доколку приметите дека некој се однесува неодговорно на патиштата, не мора да значи дека и вие треба да го правите истото, и да ги прекршувате правилата. Најчесто, кога сообраќајните правила ќе се прекршат, последиците се сообраќајни несреќи. Во спротивно, бидете примерен возач, и редовно посетувајте станица за технички преглед.

Изберете квалитетна станица за атест на вашето возило

Кога избирате станица за технички преглед, треба да се информирате доволно за да изберете квалитетна станица за А-тест на моторни возила. Станица која вклучува прегледи што се потребни на вашето возило. Постојат неколку видови на А-тест на моторни возила:

  • А-тест на вграден погон со течен нафтен гас
  • А-тест на вграден погон со компримиран земен гас
  • А-тест на дополнителни вградени заштитни фолии или обоени стакла
  • А-тест на дополнително вграден механички уред за спојување на моторните и приклучните возила
А-Тест на моторни возила 1

Исто така, треба да знаете дека за оваа постапка потребни ви се следниве документи: сообраќајна дозвола, важечка лична карта и тековна состојба (не постара од 6 месеци). Цените на А-тест на моторни возила зависат од категоријата на возилото или пак, се во согласност со законската регулатива.

Изберете безбедност за себе и семејството

Навиките и културите во возењето ги стварате вие сами, и како такви се придржувате до нив. Како учесници во сообраќајот, треба да знаете дека возилото е фактор за безбедност во сообраќајот и според тоа, да посетувате станица за А-тест на моторни возила кога е потребно.  

Со безбедно возило до помал број на сообраќајни незгоди

Според статистиките изведени од МВР, голем број од сообраќајните незгоди се случуваат поради технички неисправни и нерегистрирани возила. Најчесто, ваквите несреќи завршуваат со фатални последици кои возачите ги манифестираат со дополнителни трошоци.

Трошоците се во согласност со одредени закони во сообраќајот и може да резултираат во трошоци за поправки, казни итн. За да ја избегнете оваа слика, како професионална станица за технички преглед и А-тест на моторни возила, ви препорачуваме редовен преглед и совесно управување со автомобил.

Заклучок

Честопати, возачите избегнуваат било каков технички преглед поради финансии или недоволно слободно време.

Но, доколку се обратите кај станица за технички преглед која ќе ви понуди промоции, ефикасност и квалитет, тогаш вашиот спектар на услуги е поширок.

Така ќе знаете која станица за А-тест на моторни возила е соодветната. Секогаш избирајте го најдоброто за вас.