Единечното одобрување на возила е постапка во која органот за одобрување врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило.
Цената зависи од категоријата на возилото.
Идентификацијата е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на типски и единечно одобрени возила, системи, составни делови и самостојни технички единици и опрема за возила на Бирото за метрологија.
Оцената на техничката состојба на возилото е постапка во која визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи.
Цената зависи од категоријата на возилото.