ОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕПРАВЕНИ ВОЗИЛА (А-ТЕСТ)

Општи информации

Постапката за одобрување на преправено возило се спроведува за возила кои еднаш се одобрени, а на кои биле извршени преправки што:

  • се однесуваат на податоци евидентирани во постапката за регистрација на возилата;
  • влијае или би можело да влијае на одобрените системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема на возилата и
  • влијае или би можело да влијае врз безбедноста на возилата и заштита на животната средина.

А-ТЕСТ НА ВГРАДЕН ПОГОН СО ТЕЧЕН НАФТЕН ГАС (ТНГ)

Потребни документи

  • сообраќајна дозвола
  • важечка лична карта (физичко лице)
  • тековна состојба не постара од 6 месеци и полномошно (правно лице)
  • документи за вградениот плински уред (документ за боца, документ за мултивентил, документ за испарувач, спецификација со елементи од плински уред)

Цена

Цената зависи од категоријата на возилото.

А-ТЕСТ НА ВГРАДЕН ПОГОН СО КОМПРИМИРАН ЗЕМЕН ГАС (КЗГ)

Потребни документи

  • сообраќајна дозвола
  • важечка лична карта (физичко лице)
  • тековна состојба не постара од 6 месеци и полномошно (правно лице)
  • документи за вградениот КЗГ уред

Цена

– Цената зависи од категоријата на возилото.

А-ТЕСТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ВГРАДЕНИ ЗАШТИТНИ ФОЛИИ ИЛИ ОБОЕНИ СТАКЛА

Потребни документи

  • сообраќајна дозвола
  • важечка лична карта (физичко лице)
  • тековна состојба не постара од 6 месеци и полномошно (правно лице)

Цена

– Цената зависи од категоријата на возилото.

А-ТЕСТ НА ДОПОЛНИТЕЛНО ВГРАДЕН МЕХАНИЧКИ УРЕД ЗА СПОЈУВАЊЕ НА МОТОРНИТЕ И ПРИКЛУЧНИТЕ ВОЗИЛА (КУКА)

Потребни документи

  • сообраќајна дозвола
  • важечка лична карта (физичко лице)
  • тековна состојба не постара од 6 месеци и полномошно (правно лице)

Цена

– Цените се дефинирани согласно законската регулатива.