Која е постапката за регистрација на ново моторно возило?

Која е постапката за регистрација на ново моторно возило

Која е постапката за регистрација на ново моторно возило?

Според законот за возила на Р. Македонија, донесен од страна на Министерството за внатрешни работи, задолжителна е регистрација на ново моторно возило. Законите во сообраќајот се со цел да ги обезбедат јавните патишта како и учесниците во истиот.

Постојат многу причинители за сообраќајни несреќи и една од нив е нерегистрирано и технички неисправно возило. Доколку сакате да го избегнете ова, а сте сопственик на ново моторно возило, потребно е да знаете кој е протоколот за регистрација на ново моторно возило.

Според последните закони во државава, барањето за регистрација ги вклучува следниве чекори:

Барање за регистрација на возила

Барањето за регистрација на ново моторно возило се поднесува до Министерството за внатрешни работи како надлежен орган. Лицето кое го поднесува барањето треба тоа да го изврши лично и според местото на живеење на сопственикот на возилото, внесено во личната карта.

Покрај личната карта исто така треба да се приложат и останатите документи поврзани со возилото. Овие документи се приложуваат на шалтерот во станиците за регистрација на ново моторно возило каде после ова, се издаваат сообраќајна дозвола и регистарски таблици.

Кои документи се потребни да се приложат

Како што следува според протоколот, заедно со поднесеното барање за регистрација на ново моторно возило,  другите документи кои се потребни да се приложат се фактурата за возилото и документ за регулирана царинска потврда и декларација.

Даночните обврски за возилото како и осигурителна полиса се потребни за овластување за регистрација на ново моторно возило (користење на јавните патишта, комунална и административна такса).

Исто така, потребно е приложување на документи за техничка исправност и хомологација на возилото кои претставуваат еден вид одобрение за возилото, како и потврда дека тоа возило е исправно и во согласност со пропишаните барања и закони за регистрација на ново моторно воило.

Документот за техничка исправност на возилотo не треба да биде постар од 30 дена

Доколку новокупеното возило е исправно, барањето за регистрација се потпишува и заверува од страна на овластен контролор. Следно, одделението за сообраќај го врши издавањето на сообраќајната дозвола и чини 200,00 денари.

Понатаму, при регистрација на ново моторно возило следува издавање на нови регистарски таблици. Новите регистарски таблици имаат четири бројки и се изработени во согласност со европските стандарди.

Локациите за технички преглед на моторни возила и исправност како и регистрација на ново моторно возило се задолжени за регистрирање на возилото. Станиците за технички преглед се распоредени на териториите во државава и се пристапни за новите сопственици на моторни возила.

Издавање на сообраќајна дозвола и регистарски таблици за возилото

Според Законот за сообраќај, откако сообраќајната дозвола ќе се издаде на сопственикот, таа има важност од една година. Од рокот на истекот на сообраќајната дозвола, сопственикот има дополнителен рок од 30 дена за продолжување на истата.

Доколку сопственикот не го изврши ова барање за регистрација на ново моторно возило, следи:

  • бришење од евиденцијата на регистрирани возила
  • одземање на регистарските таблици

Исто така, кога сопственикот го регистрира возилото има право на избор на специјализирани таблици и се изработуваат по негово барање. Тие може да содржат  од три до девет црни букви и броеви.

При изборот и изработка на таблиците, натписот не смее да биде неетички и спротивен на законот на Р. Македонија. Ваквите специјализирани таблици се поставуваат само од предната страна на возилото.

Заклучок

Согласно Законот за возила и регистрација на ново моторно возило, потребно е да се поднесе барање за регистрација за да се извести државата за сопственоста на возилото.

Ова е потребно за вие како учесници во сообраќајот да ја избегнете дополнителната казна од 30,000 денари за нерегистрирано возило како и да ја зголемите безбедноста на тоа возило.