27 Фев Кои возила подлежат на периодичен технички преглед?
Согласно Законот за возила, потребна е верификација на возилата и нивните уреди и опрема. Овој закон е донесен со цел да се исполнат критериумите и барањата за да бидат технички исправни. Постапките влучуваат технички преглед на моторни возила за да се утврди нивната исправност пред да будат пуштени во сообраќајот.
Според постапките за проверка на возилото, правното лице за технички преглед извршува проверка по барање, периодичен технички преглед и вонреден технички преглед. Секој преглед има различен рок на извршување, а различни станици нудат различен третман. Со оглед на тоа, ве советуваме да вршите периодичен технички преглед кај квалитетна станица.
1. Што е периодичен технички преглед?
Периодичен технички преглед е детален преглед со кој се проверува техничката исправност на секое моторно и приклучно возило. Покрај тоа, ваквиот преглед претставува и предуслов за регистрација на моторно возило, како и осигурување на возилото. Со прегледот се спроведува контрола на исправност и неисправност на возилата во сообраќајот.
Прегледот се врши од страна на двајца професионални контролори од кои едниот управува со возилото, а другиот ја спроведува постапката. За да го извршите периодичниот, а воедно и превентивен технички преглед потребна ви е вашата сообраќајна дозвола.
2. Рок за извршување на периодичен технички преглед
Секој технички преглед има рок на извршување, според тоа, за периодичниот преглед рокот за извршување на технички прегледи според Правилникот за Технички преглед на возила од Законот за возила стои за да се врши најмалку еднаш годишно.
За да се направат ваквите прегледи на секои 6 месеци, како сопственици или управувачите на возилата треба да имате впишан облик на каросерија во вашата сообраќајната дозвола.
3. На кој тип на возила се извршуваат периодични технички прегледи
За да се спремат возилата за безбедно и сигурно патување, периодичен технички преглед се врши на следниве возила:
- Возила за јавен превоз на патници
- Автобуси
- Возила што се употребуваат за оспособување на кандидати за возачи
- Возила за превоз на група на деца
- Возила со право на предност на минување
- Возила за изнајмување (рент-а-кар)
- Возила за превоз на опасни материи
Кога се прави ваквиот преглед се внимава на системите над возилото вклучувајќи ја и состојбата на пневматици, понатаму, преглед на светлосните и сигналните уреди, преглед на возната постројка и каросеријата, моторот и погонските уреди, уредот за сопирање и уредот за управување, уредот за давање звучни сигнали, уредот за испуштање на согорени гасови и слично.
4. Зошто е важен периодичниот технички преглед?
Имено, сите технички прегледи се важни за целокупната безбедност затоа што нерегистраните возила се една од причините за сообраќајни незгоди. Така, и периодичниот технички преглед се врши за да се зголеми безбедноста на патиштата, безбедноста на вашето возило како и безбедноста на пешаците.
Покрај тоа, се проверуваат и системите, составните делови и опремата, за да се провери дали се во согласност со пропишаните барања за заштита на животната средина. ПОсле безбедноста на луѓето, важна е безбедноста на околината. Со периодичен технички преглед се внимава на системите и дали истите ја загадуваат околината.
Заклучок
Кога прегледот е завршен од страна на станицата за периодичен технички преглед, се утврдува состојбата и се издава документ за истата.
Со документот се потврдува дека возилото ги исполнува пропишаните услови и според истите може да се пушти во употреба и активно учество во сообраќајот.