
27 Мај Tехнички неисправните и нерегистрираните возила причина за сообраќајни незгоди со фатални последици
Во согласност со прописите, секоj поединец има право да учествува во сообраќајот. Меѓутоа, колку тоа лице се однесува прописно според законите во сообраќајот? Технички неисправните возила, не само што го забавуваат сообраќајот, туку го прават поризичен и склон кон сообраќајни незгоди.
Неисправното возило е извор на опасности во сообраќајот
Денес, животот без сообраќај е незамислив затоа што претставува еден од егзистенцијалните дејности на општеството во целина. Но, колку што расте нивото на сообраќај, пропорционално расте и ризикот од сообраќајни незгоди и се намалува безбедноста на патиштата. Како најчест фактор се издвојуваат неисправните возила и неодговорните возачи.
Согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, возилата треба секогаш да бидат исправни. Во спротивно возачите се изложуваат на опасност. Сите сообраќајни незгоди се сами по себе опасност за секој учесник во сообраќајот.
Во зависност од тежината на сообраќајни незгоди, учесниците се здобиваат со секаков вид на повреди. За жал, многу често се случува и губење на животи на патиштата. Како возачи треба да сте запознаени со Законите за безбедност во сообраќајните патишта. Покрај тоа, пред секое тргнување на подолг пат потребна ви е комплетна проверка на возилото.
Последици од неисправност на возилото
Според Законот за возила, техничката исправност на возилата е задолжителна, и доколку не е испочитувана е казнива. Иако постојат возачи кои сметаат дека не треба да биде казнива, не се свесни дека со секоја проверка, расте нивниот ризик за учество во сообраќајни незгоди.
Замислете, бројката на нерегистрирани возила во сообраќајот во изминатава година се сведува на околу 40 возила на ден. Според оваа бројка годишно се исплаќаат околу 2,000,000 евра парична казна за штета од неисправни возила.
Како најпознати последици од неисправно возило се издвојуваат сообраќајни незгоди, дополнителен трошок во поправки, трошоци за регистрација, казни според одредени закони за сообраќај во земјава итн. За да ги избегнете последиците потребен ви е редовен технички преглед.
Проверката и регистрацијата на возилото е задолжително
Многу често, учесниците во сообраќајот ги потценуваат патиштата и моќта на возилата во движење. Со таа невнимателност се јавуваат несакани и неизбежни последици од сообраќајни незгоди. Постојат многу извори на опасност во сообраќајот кои произлегуваат од нерегистрирани возила.
Така на пример, постојат неретки случаи каде што учесниците во сообраќајот се совесни меѓутоа возилата се технички неисправни при што доаѓа до неможност за нивно управување и се случуваат сообраќајни незгоди. За да имате технички исправно возило, потребен е редовен технички преглед кој се врши преку правно лице.
Понатаму, овластеното лице ги утврдува податоците и барањата за техничкиот преглед на вашето возило. Исто така врши и проверка за системите, составните делови и одредбите кои произлегуваат од тој закон. Така, регистрација на возилото е задолжителна секоја година.
Родителите се пример за децата – бидете одговорен и внимателен возач
Родителите отсекогаш се сметале за огледало кај нивните деца. Тие го набљудуваат секој ваш потег кој ќе им се врежи во главите и ќе го повторат. Според ова, треба да претставувате пример за вашите деца. За да ја постигнете оваа цел потребно е да бидете одговорен учесник во сообраќајот.
Поинаку кажано, треба да обрнувате внимание на задолжителниот технички преглед како и редовниот сервис за да избегнете сообраќајни незгоди. Исто така, треба да ги почитувате условите за автомобилска одговорност и да внимавате на редовна регистрација и осигурување на возилото.
Бидете внимателни за вас и за оние околу вас
Сте се запрашале ли некогаш дали сте одговорни возачи, или пак сте од оние кои ги обвинуваат другите учесници во сообраќајот кога ќе стане густо на патиштата? Одговорот на ова прашање ќе биде полесен доколку ги почитувате правилата во сообраќајот.
Според горенаведеното, неисправните возила се најголемиот причинител на сообраќајни незгоди после незгодите настанати под дејство на алкохол. За да бидете одговорен возач потребно е да постапувате според светлата и значењето на сообраќајните знаци. Само така ќе ги наведете тие околу вас да возат прописно и според сообраќајните закони. Бидете пример за сите.