18 Ное Промена на пневматици – клучен безбедносен фактор на вашиот автомобил
Кога доаѓа време за промена на гумите, тоа се случува на почеток на летниот период и на почеток на зимскиот период. Првото нешто што го помислувате кога доаѓа периодот за промена на пневматици е нивната корисност и колку придонесува за безбедноста, управувањето на возилото, сигурноста, како и долготрајноста.
Зошто треба да се менуваат пневматиците?
Според Законот за возила, промена на гуми е задолжителна поради техничка исправност за безбедност и заштита на животната средина. Зимските пневматици не треба да се возат на поголема температура од 8 степени поради сигурност при возење и стабилност на возилото.
Доколку не извршите промена на пневматици, може да дојде до вибрации на воланот, оштетување на предница или други делови на автомобилот. За да се избегнат вибрациите и да се постигне балансираност на возилото, добро е да вршите преглед и центрирање на гумите кај професионалци.
Кога треба да се заменат?
Обично кога купувате нов автомобил добивате упатство со информации за гуми во кое е наложено каков тип најмногу одговара според карактеристиките на автомобилот. За постарите автомобили може да добиете упатство за промена на пневматици, а може и да не добиете.
Во таков случај, најдобро е да се консултирате со сертифицирана станица за технички преглед која детално ќе ви објасни какви гуми треба да користите според возилото и кога да ги замените истите.
Која е предноста од возење со сезонски прикладни гуми?
Покрај безбедноста, сезонски прикладните гуми имаат и други предности – како продолжување на нивниот век. За да можете да ги користите гумите повеќе од три години треба да ги менувате според сезоната и секако, навремено.
Доколку зимските пневматици се возат во летниот период, голема е веројатноста дека ќе ја изгубат нивната надворешност и ќе се излитат со што се намалува нивната трајност. Од друга страна пак, возењето на летните пневматици во зимскиот период најмногу влијае врз безбедното патување. Доколку е лизгаво, со летните гуми возилото може да замине во спротивната лента.
Гумите се клучен фактор за безбедноста
Како што наведовме претходно, главната причина за промена на пневматици е безбедноста која ги вклучува сите учесници во сообраќајот. Возилото како фактор во сообраќајот, ги вклучува и сите негови делови, во кои се вбројува и менувањето на гумите.
Резервните гуми се дел од задолжителната опрема која секој сопственик на возило треба да ја поседува. Како такви, треба да се вршат навремени и периодични проверки по потреба. Таквите проверки треба да се вршат кај обучени сервисери кои можеби и ќе ве упатат во тоа каде да ги складирате за да го сочувате нивниот квалитет.
Технички исправно возило за безбеден сообраќај
Според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, учесниците се должни да придонесуваат во истиот и да го почитуваат. Безбеден сообраќај не е само внимателно возење, туку и технички исправно возило кое игра голема улога на патиштата.
Според овој закон, треба да се почитуваат условите кои се налагаат. Во спротивно, државата е должна да превземе мерки кои според непочитувањето и прекршокот на законот, најчесто резултираат во парична казна или периодично одземање на вашата возачка дозвола.
Заклучок
Како клучен фактор кој придонесува за стабилен автомобил и безбеден сообраќај, сезонските гуми треба задолжително да се менуваат и тоа е пропишано со закон.
Доколку имате било какви прашања околу пневматиците, консултирајте се со овластен сервисер кој има добро познавање за карактеристиките на гумите и нивната промена.