24 Окт Кои возила мора да го поседуваат сертификатот CЕМТ?
Управувањето со возило претставува доверена одговорност на луѓето од страна на општеството. Но, пред да станете учесник во сообраќајот, потребно е прво да се здобиете со одреден вид на сертификат или дозвола.
Најчесто, потребата од ваквите сертификати и останатите документи ја воведува државата со цел да ја зголеми претпазливоста и сигурноста на патиштата. Што е уште поважно, полесно ќе се води евиденција за превозот, исправноста и неисправноста на возилата, како и потребната документацијата.
CEMT – Сертифицирање за подготвеност на сообраќај
Сертификатот CЕМТ или ЕКМТ е задолжителен и треба да го поседуваат сите возила кои вршат меѓународен транспорт. Сертификатот го издава Комисијата за распределба на дозволи, која е формирана од страна на Министерството за транспорт и врски.
Имено, сертификатот СЕМТ е дозвола за меѓународен превоз на стоки. Со помош на овој документ, превозникот се стекнува со дозвола за да може да обавува неограчен број на превози низ земјите членки на CЕМТ, како и транзит преку нивните територии. Но, за да се врши меѓународен транзит, потребно е прво да поседувате меѓународна возачка дозвола.
За што е потребен CEMT?
Сертификатот СЕМТ е документ со кој се дозволува меѓународен превоз на стоки и патници. Оваа дозвола се добива од страна на надлежните органи на земјите врз основа на транспортна дозвола од Европската конеференција на министрите за транспорт (ЕКМТ).
Сертификатот СЕМТ или ЕКМТ има и дневник како нејзин составен дел и се користи за добивање информации за транспортните операции.
Дневникот доаѓа во вид на хронолошки редослед за патувањата на секое товарено или празно возило како и СЕМТ сертификатите кои потврдуваат на која категорија припаѓа возилото. Овој дневник се користи исклучиво за контрола на дозволата.
Кој има право на учество за распределба на CЕМТ дозвола?
Одредени СЕМТ сертификати или дозволи може да имаат одредени територијални ограничувања. Таквите ограничувања важат за териториите на Република Австрија, Италија и Грција. Дозволата или сертификатот СЕМТ треба да има црвен печат со прецртана ознака на земјата во која не може да се користи.
Според правилникот за распределба на дозволите за меѓународен превоз на стоки, објавен во службен весник, право на учество за распределба на сертификатот СЕМТ имаат правни и физички лица. Овие т.н. превозници треба да бидат регистрирани на територијата на Република Македонија и да поседуваат лиценца за меѓународен превоз на стоки.
Дејноста на превозникот е вршење на меѓународен превоз на стоки во рок од најмалку од една година. Ваквите дозволи се донесени согласно решението за претежна дејност кое е издадено од страна на Државниот завод за статистика. Понатаму, се врши преглед на нови возила и на возила што се веќе во употреба.
Барањето за добивање на CЕМТ, каде и кога се доставува?
Барањето за сертификатот СЕМТ може да го изврши секое правно или физичко лице и го доставува во архивата на Министерството за транспорт и врски. Најчесто, барањето се извршува во периодот во месец октомври за наредната година.
Барањето се извршува кај носител кој е овластен од страна на Министерството за транспорт и врски. Носителите смеат да издадат и сертификат за А-тест за подготвеност на возилата во сообраќајот. Покрај тоа, системот нуди и електронско аплицирање за дозволите. Системот исто така нуди и аплицирање за годишни или месечни СЕМТ дозволи.
Заклучок
СЕМТ дозволите може да се користат за превоз во ЕУ се додека се почитуваат правилата и прописите дадени во истите. Секој сертификат е според европски стандард и стои одделно за едно возило и е различен во зависност од категоријата на возилото.
На крај, пред да се изврши меѓународен транспорт во земјите, задолжителни се информации околу потребата за сертификатот во земјите.