На возачот кому му е издадена возачка МК дозвола за управување со моторно возило, по негово барање може да му се издаде и меѓународна возачка дозвола.
Меѓународна возачка дозвола не може да му се издаде на возач на кого му е изречена казна, односно прекршочна санкција, забрана за управување со моторно возило, за периодот додека трае забраната.
Меѓународната возачка дозвола издадена во Република Македонија, не може да се користи за управување со моторни возила на територијата на Република Македонија.
Согласно склучени билатерални договори меѓу Република Македонија и одредени држави, меѓународна возачка дозвола не треба за следниве земји: Албанија, Италија, Шпанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Германија и Косово.
Важноста на меѓународната возачка дозвола е 3 години од денот на издавање на истата или до денот на истек на националната возачка дозвола.