Стоп за возила без атест – стоп за опасност во сообраќајот!

возила без атест - стоп за опасност во сообраќајот

Стоп за возила без атест – стоп за опасност во сообраќајот!

Честопати луѓето тргнуваат на пат без да размислат на последиците од возила без атест. Затоа, Законот за безбедност во сообраќајот воведува нови прегледи секоја година. На оваа тема, следи прашањето: Дали ваквите прописи навистина ја зголемуваат безбедноста?

Дознајте зошто на вашето возило му е потребно атестирање!

Безбедноста е приоритет број еден

Европските стандарди за инспекции на возила датираат уште од 1977 година, но со минимални автомобилски проверки. Од тогаш, технологијата е напредно развиена што овозможува решавање на техничките дефекти за да се зголеми безбедноста на патиштата.

Според ова, Законот за безбедност воведува и атест, кој ги одобрува преправените возила.  Атест се врши кога на возилата ќе се вградат дополнителни делови или целосно ќе се заменат со нови.

Статистиките покажуваат дека колку што се зголемува атестирањето, толку се намалува ризикот од сообраќајни незгоди. За соодветен атест, потребно е да посетите сертифицирана работилница за преглед на автомобилот.

Непровереното возило претставува потенцијална опасност

Времето на технологија се повеќе  дозволува користење на патни возила. Но, прашањето е дали тие се возила без атест или се технички прегледани? Со последните статистики, бројот на сообраќајни незгоди е зголемен во изминативе 3 години.

Најчести причинители се возила без атест и затоа, правилата за проверка на возилата се зголемуваат секоја година. Пропорционално со ова, станиците за технички преглед ги прошируваат нивните услуги за преглед на возилата.

Работејќи согласно со Европските стандарди, како експерти во оваа бранша, нудиме атестирање, и претходно потребен и детален преглед на моторни возила.

Заштитете се себеси и сите околу вас

Со зголемениот број на автомобилите, зголемен е и бројот на тешките транспортни возила. Повеќето теретни возила се движат помеѓу 50,000 и 200,000 км и треба технички да се прегледуваат на секои 4 до 8 недели, зависно од задолжителните периодични инспекции.

Покрај тоа, многу од возачите, независно од типот на возилото, управуваат со голема брзина на автопатите. За да може возилото да ја издржи таа брзина, и да стигне до крајната дестинација, деловите треба да бидат исправни и атестирани со претходен превентивен технички преглед.

Не ги загрозувајте животите на вашите најмили

Честопати, возачите тргнуваат на пат со возила без атест, мислејќи дека возилото ќе издржи до крај на патувањето. Но, постарите или преправени автомобили се машини со одредена функција.

Неисправните прегледи на возилата, како и пуштање во употреба возила без атест го зголемува ризикот од опасност во сообраќајот.

Замислете си, патувате на подолга дестинација и возилото откажува на автопат? Тоа резултира во намалена безбедност за вас и за другите околу вас, како и дополнителен трошок.

Со периодичен преглед кај експерти, ќе можете за патувате безбедно. За оваа цел, тие нудат разни проверки кои ќе го обезбедат вашето возило и семејство дури и за подолг пат.

Бидете одговорен возач и атестирајте го вашето возило кај докажан технички преглед

Многу од возачите сметаат дека воведениот атест е поради пари, а не поради безбедност. Но, доколку посетите квалитетна станица за технички преглед, нема да го имате овој проблем.

Тоа го знаеме, затоа што како професионалци, се грижиме за клиентите онолку колку што се грижиме и за исправноста на нивниот автомобил.

Техничките прегледи вклучуваат повеќе постапки кои ќе ги дознаете кај исправна станица со софистицирана технологија, услуги и промоции. 

Покрај тоа, ваквите станици докажуваат на клиентите дека атестирањето не е поради пари, туку поради сигурност и избегнување на дополнителен трошок.

Стоп за возила без атест

Зошто е важно да го тестирате возилото кај професионалци? Оние возила без атест не го поминуваат тестот за безбедност според стандардите на државата.

Атестирањето вклучува повеќе компоненти, и за да биде успешно, треба да се консултирате со професионалци.

Знаеме дека ваквите тестирања и техничките прегледи одземаат време, но вашата безбедност е наш приоритет, а секако треба да биде и ваш.

Дозволете си периодичен преглед и патувајте безгрижно, ставете стоп за возила без атест, и бидете внимателни возачи затоа што вашето однесување во сообраќајот се одразува и на другите.

Заклучок

Возила без атест не треба да се управуваат без претходна информираност и свесност за последиците кои може да ги предизвика.

Затоа, дозволете им на професионалците да се погрижат за вас и вашето возило. Ние се грижиме за вашата безбедност!