
25 Јул 14 совети како да го подготвите вашето возило за летен одмор
Голем дел од учесниците во сообраќајот, ја занемаруваат редовната проверка на возило за летен одмор. Автомобилот треба да се одржува според препораките од производителот, а корисниците се должни да ги почитуваат тие препораки, велат професори за безбедност во сообраќајот.
Најчесто возачите ги избегнуваат техничките прегледи поради цените или неиформираноста за услугите на станиците. Еве што треба да проверите пред употреба на возилото:
1. Проверете го нивото на масло и течности во автомобилот
Како што наведовме претходно, во проверки за безбедно патување се вбројува маслото како фактор за исправноста на возилото. Нивото на маслото се проверува со индикатор кој се става во маслото.
Идеалното ниво на масло во автомобилот изнесува помеѓу минимумот и максимумот на индикаторот. Ова ниво кажува дека сте безбедни, но доколку покажува под минимумот или над максимумот, најдобро е да се обратите кај станица за технички преглед.
2. Заменете го филтерот за воздух
Филтерот за воздух има улога во одржување на моторот и прочистувањето на воздухот во автомобилот кој влијае врз вашето здравје.
Филтерот се менува според типот на производителот на возилото и најчесто, тоа се врши во интервал од 15.000-20.000 километри. Најбезбедно за вас и за вашиот автомобил е замената да се изврши кај професионална станица за сервис.
3. Проверете ги свеќичките
Доколку бензинскиот мотор престане да работи, свеќичките се тие што треба да го одржат во живот. За оваа цел, тие треба навремено да се проверуваат и во случај да е потребно, истите да се заменат со нови.
4. Проверете ги гумите
Проверете ја состојбата на гумите вклучувајќи го следново: воздушен притисок, дали гумата е негде исечена или појава на неправилности.
Доколку осетите губење на притисок, посетете ја најблиската бензинска пумпа или вулканизер за да го добиете неопходното ниво на притисок.
5. Проверете ја исправноста на дигалката и резервната гума
Проверката на состојбата на резервната гума и нејзиниот притисок е од голема важност за вашето возило за летен одмор.
Најчесто резервните гуми во употреба се проверуваат на секои три до четири недели. Дигалката која ќе ја користите за да ја замените гумата треба да биде исправна и достапна за употреба.
6. Погледнете дали треба да ги замените бришачите на шофершајбната
Добрата прегледност е услов за избегнување на сообраќајни незгоди, и се постигнува со функционални бришачи. За оваа цел, треба да се одржува квалитетот на четката за бришење. Замена на бришачите е потребна ако го забележите следново:
- Оставаат линија
- Чкрипат (прескокнуваат)
- Гумите се крути или испукани
За да им ја продолжите функционалноста, не ги користете без средство за прскање, и чистете го стаклото редовно од секаква, дури и најмала нечистотија зошто предизвикува оштетување на гумичките. Во летниот период подигнете ги за да не изгорат.
7. Проверете ја течноста на шофершајбната
Иако оваа проверка најчесто се врши во зима, сепак е потребна во случај на врнежи. За да го проверите вашето возило за летен одмор, потребни ви се само три чекори:
- проверете ја состојбата на водата
- соодносот меѓу течноста и водата
- проверете дали водата паѓа на соодветното место на шофершајбната
8. Проверете ги светлата
Проверка на светлата не е задолжителна само поради ваша безбедност и сигурност на возилото, туку е во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот.

Кога вршите проверка на светлото, потребно е да проверите дали работат сите светла на автомобилот, вклучувајќи го и следново:
- Жмигавци
- Покажувачи за вртење лево и десно
- Светла за кочење
- Стоп светло
9. Проверете ја батеријата
Вообичаено, батеријата е лесна за одржување, но доколку тоа се прави исправно и навремено. Најмалку што можете да направите, а помага, е да ја чистите периодично од влага и прашина.
Пред да патувате, тестирајте кога автомобилот е ладен, и доколку батеријата загрева, треба да се промени.
10. Проверете ги шоковите
Шоковите се битни за безбедност на возилото за летен одмор и удобно возење. Хидрауличниот цилиндар е тој што го одржува возилото стабилно додека одржува контакт со патот. Најчесто се оштетуваат при нерамни патишта, затоа проверувајте ги почесто.
11. Проверете ги сопирачките
Сопирачките се релевантни за вашата сигурност како учесник во сообраќајот затоа што може да се случи да ви откажат додека се движите со голема брзина.
За да го избегнете ова, не занемарувајте преглед на системот за сопирање и неговите оперативни способности. Исто така, не го изоставувајте квалитетот на маслото за сопирање, поставата, дисковите и прстените.
12. Проверете ги ремените и цревата
Цревата се тие кои помагаат во циркулацијата на течноста на ладење, додека пак ремените го придвижуваат вентилаторот за разладување на системот. Заедно, го одржуваат моторот во живот и што е можно во поладна состојба при возење.
По долго користење, тие протекуваат или напукнуваат, а знак за тоа може да биде прегревање на автомобилот. За оваа цел, проверете ги прицврстувачите на цревата и ако треба прицврстете ги, проверете тензија на ремените, усогласете ги со каишите и затегнете ги.
За поголема безбедност, трудете се да го замените ременот на секои изминати 60.000 километри.
13. Не заборавајте да земете резервен клуч
Носење на резервен клуч е како план Б, идеално решение доколку работите тргнат наопаку. Со оглед на тоа што го припремате вашето возило за летен одмор и подолг пат, резервниот клуч е потребен за ваша безбедност и за да одбегнете дополни трошоци кај сервисер.
14. За да бидете сигурни дека возилото е 100% исправно однесете го на проверка кај професионалци
Иако можете сами да го проверете возилото, посета на станица не треба се избегнува, зошто тоа може да значи избегнување на вашата безбедност.
Посетата на сертифицирана станица е како преглед за здравјето на вашиот автомобил што треба да се дијагностицира од страна на професионалци.
Нашиот тим со задоволство ќе ви помогне и ќе ве упати во секоја потребна замена и ќе ве советува како да го одржувате вашето возило за летен одмор во иднина.
Заклучок
Автомобилите содржат делови кои се релевантни за сигурноста на секое возило за летен одмор.
Доколку сметате дека на вашето возило и е потребна детална проверка или промена на одредени делови, не се двоумете да не контактирате затоа што вашата безбедност е наша грижа и приоритет.