Останати услуги

ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТ НА ВОЗИЛО

Потребни документи

  • сообраќајна дозвола или одјавена сообраќајна дозвола ако е од друго регистрационо подрачје;
  • купопродажен договор заверен на нотар;
  • важечка лична карта (физичко лице);
  • тековна состојба не постара од 6 месеци и полномошно за регистрација (правно лице).

ОДЈАВА/ПРИЈАВА НА ВОЗИЛО

Потребни документи

  • Сообраќајна дозвола, одјавена, заверена од МВР;
  • *Купопродажен договор заверен на нотар;
  • Лична карта (физичко лице);
  • *Тековна состојба – не постара до 6 месеци и полномошно (правно лице).

ПОСЕБНО ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИ УСЛОВИ (М6 ОБРАЗЕЦ)

Општи информации

Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.

Овластена техничка служба издава потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови за возилата со кои се врши превоз во патниот сообраќај.

СЕРТИФИКАТ ЗА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СООБРАЌАЈ (ЦЕМТ)

Општи информации

ЕКМТ (Европска конференција на министрите за транспорт) дозвола се користи за превоз меѓу држави членки на организацијата ЕКМТ и транзит преку нивните територии.

За добивање на ЕКМТ дозвола, превозникот, покрај останатите критериуми согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, мора да поседува и сертификат за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила, кој го издава овластена техничка служба.

ВТИСНУВАЊЕ НА ИДЕНТИФИКАЦИСКИ ОЗНАКИ

Општи информации

Постапката на втиснување идентификациски ознаки се однесува на возилата регистрирани во Република Македонија кај кои од кои било причини идентификациската ознака на рамката на возилото (шасијата) или идентификациската ознака на моторот на возилото се оштетени/нечитливи, а истото е утврдено при вршење на технички преглед на возилото.