ОДОБРЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО

Општи информации

Сопственикот на возилото, може да го даде возилото на управување на лице државјанин на Република Македонија да го изнесе надвор од границите на Република Македонија, само врз основа на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство издадено од сопственикот на возилото, преку овластено правно лице за вршење технички преглед на возила.

Сопственик на возилото може да го даде возилото на управување на лице странец кој законски престојува во Република Македонија да го изнесе надвор од границите на Република Македонија само врз основа на одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство издадено од сопственикот на возилото, преку овластено правно лице за вршење технички преглед на возила.

Потребни документи

  • Од сопственикот на возилото:
    • Физичко лице: важечка лична карта, важечка сообраќајна дозвола;
    • Правно лице: полномошно за поднесување на барање за издавање одобрение за управување со туѓо моторно возило, важечка сообраќајна дозвола, печат од правното лице.
  • Од корисникот на возилото:
    • важечки МК пасош или важечка лична карта.

Рок на важење

Важноста на одобрението за управување со туѓо моторно возило е 1 година од денот на издавање или помалку, според волјата на сопственикот на возилото.