ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

РЕДОВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА 12 МЕСЕЦИ

Општи информации

Согласно Законот за возила, возилата што се вклучени во сообраќајот на патиштата треба да се технички исправни, а техничката исправност на истите се проверува со технички преглед што претставува постапка со која што правното лице овластено за вршење технички преглед ги утврдуваподатоците во врска со возилото, неговите системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив, одредени со одредбите на Законот за возила и подзаконските акти што произлегуваат од него.

Потребни документи

Доказ за уплатен надоместок за употреба на јавни патишта (патна такса);
Сообраќајна дозвола;
Лична карта (физичко лице);
Полноношно за регистрација (правно лице).

Цена

Цената на техничкиот преглед зависи од видот на возилото:

  • снагата (KW) и зафатнина (cm3) – за патничко возило,
  • носивост – за товарно и приклучно возило,
  • број на седиштата – за автобус,
  • снага (kw) – за влечно возило,
  • зафатнина (cm3) – за моторцикл.

РЕДОВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА 6 МЕСЕЦИ

Општи информации

Возила кои подлежат на редовен (периодичен) технички преглед на 6 месеци се возила за јавен превоз на патници, автобуси, возила што се употребуваат за оспособување на кандидат за возачи, возила што пренесуваат група на деца, возила што се опремени како возила со право на предност на минување, возила за изнајмување (рент-а-кар), возила за превоз на опасни материи.

Потребни документи

Сообраќајна дозвола.

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА НОВО ВОЗИЛО

Потребни документи

Доказ за уплатен надоместок за употреба на јавни патишта (патна такса);
Согласност за регистрација во оригинал;
Фактура во оригинал;
Лична карта (физичко лице);
Тековна состојба – не постара од 6 месеци (правно лице);
Полноношно за регистрација (правно лице);
Царинска декларација;
Потврда од Царина во оригинал.

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА УВЕЗЕНО ВОЗИЛО (ПРВА РЕГИСТРАЦИЈА)

Потребни документи

Доказ за уплатен надоместок за употреба на јавни патишта (патна такса);
Лична карта (физичко лице);
Тековна состојба – не постара од 6 месеци (правно лице);
Полноношно за регистрација (правно лице);
Царинска декларација во оригинал;
Потврда од хомологација во оригинал;
Фактура или Договор за купопродажба;
Сообраќајна дозвола.