Согласно Законот за возила, пробни таблици служат за привремено користење на нерегистрирано возило или регистрирано возило кое од оправдани причини останало без регистарски таблици.
Издадените пробни таблици и потврда за пробно возење се користат за означување само на возилото за кое е поднесено барање за издавање пробни таблици и потврда за пробно возење.
Издадените пробни таблици и потврда за пробно возење, сопственикот на возилото може да ги користи исклучиво за движење до места определени за технички преглед на возила, до надлежен орган за регистрација на возила, спроведување на царинска постапка, постапка за единечно одобрување на возила, преправка односно поправка, изложба, манифестација, односно продажба на возила, места за складирање или чување, како и за возила со кои се врши пробно возење.
Пробните таблици се поставуваат од внатрешната страна на предното ветробранско и на задното стакло.
Пробните таблици и потврдата за пробно возење се издаваат со рок на важност од 5 дена.